Со оглед на бројот на неофицијални информации кои го покажуваат истото, веќе може со голема сигурност да се каже дека Galaxy S10 телефоните ќе го користат Infinity-O екранот. Тоа значи дека на предната страна веќе скоро и нема да има рамки, тие ќе бидат минимални на горниот и долниот дел, а камерата ќе биде сместена во мала дупка на екранот.

Ова е поразлично од тоа за какво решение се одлучија повеќето конкуренти кои имаат исечок на горната страна за камерата и сензорите, а имаше и такви решенија кои камерата ја извлекуваат од самиот уред или самиот уред е на лизгање.

Изгледа годината кога ќе гледаме телефони без воопшто рамки, како и исечоци и дупки, ќе биде сепак 2020, а не оваа.

Познатиот “протекувач” на неофицијални информации Еван Блас е тој кој ни ја овозможи и оваа најнова слика од која најдобро досега се гледа предната страна од Galaxy S10.

Покрај овој модел, се верува дека Samsung ќе претстави и уште два, односно поголем plus модел, како и еден помал lite модел.

Претставувањето се очекува да биде некаде пред почетокот на MWC 2019 во Барселона, саем за технологија кој се одржува на крајот од февруари.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.