Можеби во последно време вниманието е најмногу свртено кон Марс. На оваа црвена планета се испратени повеќе летала, но се планира и првата човечка мисија која не е баш сигурно кога ќе се случи, но не порано од 2025.

Сепак, иако сакаме да ја “освоиме” оваа планета, ние уште го немаме целосно “освоено” нашиот природен сателит, Месечината.

На Месечината како што знаеме имаат слетано и луѓе, како и летала, меѓутоа тоа секогаш било на страната од Месечината која е свртена кон Земјата. Месечината е така поставена со нејзината ротација, како и патот околу Земјата, да секогаш ја гледаме само едната страна од неа, а другата се нарекува “темната” страна, која иако не е секогаш темна, од Земјата не може да се види.

Кинезите се првите кои испратија мисија и успешно слетаа на оваа тема страна од Месечината. Мисијата е составена од едно летало и еден ровер којшто носи научна опрема од повеќе агенции во светот кои ќе ја истражуваат оваа досега неистражена страна од Месечината.

Интересно е што леталото целосно автономно има слетано користејќи ги своите сензори. Технологијата е доволно напредната за да ова биде возможно, а оваа мисија исто така ја покажува и спремноста на Кина.

За да може да се комуницира со леталото и со роверот, кинезите имаат поставено сателит во точна орбита каде ќе може да ги гледа и темната страна од Месечината и Земјата, инаку комуникацијата не би била можна.

Она што ќе биде интересно е да се види што ќе открие роверот на овој дел од Месечината и дали ќе дознаеме нешто ново за истата, како и за нашата планета.

ИЗВОРForbes
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаMicrosoft патентира систем за „тивки“ гласовни команди
Следна статијаСлика од предниот дел од екранот на Samsung Galaxy S10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.