Со оглед на бројот на неофицијални информации кои го покажуваат истото, веќе може со голема сигурност да се каже дека Galaxy S10 телефоните ќе го користат Infinity-O екранот. Тоа значи дека на предната страна веќе скоро и нема да има рамки, тие ќе бидат минимални на горниот и долниот дел, а камерата ќе биде сместена во мала дупка на екранот.

Ова е поразлично од тоа за какво решение се одлучија повеќето конкуренти кои имаат исечок на горната страна за камерата и сензорите, а имаше и такви решенија кои камерата ја извлекуваат од самиот уред или самиот уред е на лизгање.

Изгледа годината кога ќе гледаме телефони без воопшто рамки, како и исечоци и дупки, ќе биде сепак 2020, а не оваа.

Познатиот “протекувач” на неофицијални информации Еван Блас е тој кој ни ја овозможи и оваа најнова слика од која најдобро досега се гледа предната страна од Galaxy S10.

Покрај овој модел, се верува дека Samsung ќе претстави и уште два, односно поголем plus модел, како и еден помал lite модел.

Претставувањето се очекува да биде некаде пред почетокот на MWC 2019 во Барселона, саем за технологија кој се одржува на крајот од февруари.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаКина е првата земја која слета летало на „темната“ страна од Месечината
Следна статијаOra R1 е најевтиниот електричен автомобил кој ќе се продава по цена околу 10.000 долари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.