91mobiles / OnLeaks

Како што е стандардната практика, за Galaxy S10-ките од Samsung веќе можевме да прочитаме повеќе неофицијални информации, а од нив и ја имаме во главно потребната слика за тоа што може да очекуваме на почетокот од идната година кога треба да бидат претставени.

Дечките од порталот Gizmodo UK тврдат дека голем продавач на ИТ производи им ги има дадено повеќето потребни информации поврзани со S10-ките, па сега ги имаме датата кога треба да бидат преставени, колку варијанти ќе бидат, каков ќе биде екранот и во која големина, меморијата, како и цената по која ќе се продаваат во Британија.

Samsung ќе го одржи својот Unpacked настан нешто порано овој пат, па наместо на почетокот од MWC 2019, тој ќе се одржи неколку дена порано, односно на 20 февруари. Веднаш по настанот корисниците ќе можат да направат нарачка на уредите, а истите ќе бидат официјално пуштени во продажба од 8 март.

Информациитепотврдуваат дека Samsung ќего користи новиот Infinity-O екран кој за првпат беше претставен оваа недела во новиот A8s модел од компанијата. Главна карактеристикана овој екран е што наместо исечок на горната страна за камерата и сензорите,користи само мала дупка за истите. Тоа овозможува досега најмали рамки околуекранот, со што слободно може да се каже дека се работи за уред кој на преднатастрана е цел екран.

Исто како што идосега можевме да прочитаме, Galaxy S10 ќе дојде во три варијанти, односно во стандардно како и досега во S10и S10+ верзија, а нова ќе биде помалата верзија која ќе нема екран со заоблени страни.

Големината на екраните на овие верзии треба да биде 6,1 инч за S10 варијантата, 6,4 инчи за плус варијантата и 5,8инчи за сега за сега нарекуваната Lite варијанта.

Galaxy S10 исто така ќе има сензор за отпечатоци под екранот, а тој ќе биде направен во посигурната ултразвучна технологија. Порано најавите беа дека најмалиот модел ќе го нема овој сензор, па тоа останува да го видиме на денот на претставувањето.

Цените и големината на просторот на овие уреди, според изворот на Gizmodo се следните:

5.8 инчен Galaxy S10 Lite – 128GB простор – £669

6.1 инчен Galaxy S10 – 128GB простор – £799

6.1 инчен Galaxy S10 – 512GB простор – £999

6.4 инчен Galaxy S10+ – 128GB простор – £899

6.4 инчен Galaxy S10+ – 512GB простор – £1099

6.4 инчен Galaxy S10+ –  1TB простор – £1399

Колку овие информации ќе се покажат како точни, не може да знаеме, па останува да почекаме уште нешто повеќе од 2 месеци. Сепак, од досегашното искуство, ваквите информации скоро секогаш се покажуваат како точни, па верувам дека и овој пат на самиот настан нема да видиме нешто ново, туку само ќе видиме потврда на тоа што досега го знаеме.

ИЗВОРGizmodo
ИЗВОР 2T3
Претходна статијаКритики до Елон Маск за возење на Tesla автомобил без раце за време на видео интервју
Следна статијаDuckDuckGo тврди дека Google продолжува со персонализација на резултатите од пребарувањата и кога корисниците не се најавени со својата сметка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.