Apple TV+ доаѓа од оваа есен со оригинална содржина и најава за сериозна конкуренција на Netflix и другите

Големи имиња од филмската индустрија се дел од самиот почеток на сервисот што е најава за одлична и конкурентна содржина

Толку време во најава, веќе не се знаеше дали Apple некогаш ќе го најави својот „стриминг“ сервис во јавноста. Сепак, настанот којшто беше закажан за оваа недела беше јасно дека ќе биде наменет за ова, па конечно го имаме Apple TV+.

Наједноставен опис на Apple TV+ е како сервис кој ќе конкурира со Netflix, Amazon Prime Video, Hulu. Она што ќе биде главната карактеристика на овој сервис, нешто што се повеќе го прави Netflix, е оригиналната содржина, односно содржина специјално направена за сервисот.

Уште од самиот почеток се гледа дека Apple сериозно ќе настапи со TV+. Големи имиња од филмската индустрија учествуваат во најавата, меѓу кои Спилберг, Џеј Џеј Абрамс, Џенифер Анистон, Стив Карел, Рис Витерспун, но и многу повеќе, а тука е и Опра.

https://youtu.be/RrdbT4hpwBk

Apple TV+ треба да стане достапен од оваа есен во околу 100 земји, што остава простор дека можеби и Македонија ќе биде една од нив. Сепак, Македонија обично е вклучена кога некој сервис е достапен во повеќе од 130 земји.

Цената, односно месечната претплата се’ уште не се најавени, па со оглед на тоа што се работи за Apple, не може да шпекулираме, можна е секаква цена.

Сервисот е достапен како дел од Apple TV, а и оваа апликација добива своја нова и подобрена верзија преку која корисниците ќе може да се претплатат на други серивис, меѓутоа не и конкурентниот Netflix.

Се најавува дека сервисот ќе може да се гледа и преку одредени телевизори, меѓутоа не сме сигурни до кој степен Apple ќе продолжи со политиката на „терање“ према нивниот „екосистем“.

https://youtu.be/A-j8QaoTeWU
ИЗВОРApple
Претходна статијаApple ја претстави Apple Card кредитната картичка која едноставно ќе се активира преку iPhone
Следна статијаЗошто САД ги „банира“ Huawei?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.