Viagame, Шведски сајт за online продажба на игри, имаат дојдено до многу интересна идеја. Поточно нив ги интересирало да направат споредба помеѓу играњето на игри со трки на компјутер и реалното возење на тркачки автомобил и да видат како ќе се покажат двете страни.
За таа цел тие ангажираат двајца „тркачи“, едниот на компјутерски игри, а другиот на вистински автомобил. Frederik Brolin e, според нив, еден од најдобрите гејмери во Шведска, па тој ќе биде задолжен да го вози виртуелниот автомобил. Задолжен за вистинскиот автомобил е возачот на тркачки автомобили Peter Ternstrom.
За работите да бидат уште пореални и поинтересни, тие местат ASUS компјутер со ASUS GTX680 графичка картичка, 19 инчен монитор на метална рамка и Logitech G27 на возачкото седиште од Mégane RS 265 Red Bull RB8 Limited Edition. Гејмерот ќе го вози истиот автомобил во Shift 2 играта на Circuit de Barcelona, додека возачот ќе ја вози вистинскиот автомобил на вистинската Circuit de Barcelona-Catalunya.
Како изгледа овој експеримент и кој од возачите подобро се има покажано можете да погледнете на следното видео.
Извор: Viagame