directx-12-logo-100251209-large

Компанијата Microsoft со новиот Windows 10 не само што сака да го поправи корисничкото искуство туку сака да биде и главен играч во гејмингот со најновата верзија на DirectX12.

Со новиот технички преглед на оперативниот систем и графичкиот API сакаат да привлечат програмери кон нивната нова програма преку која можат комплетно да го симнат новиот програмски интерфејс и да почнат да кројат планови за уште помоќни гејмерски искуства во годините што следат.

Компанијата меѓудругото најави и своевидно партнерство со Epic од кое планираат да направат свој порт на последниот Unreal Engine 4.4 кој ќе може да биде симнат и да биде тестиран од страна на програмерите. Microsoft исто така е во блиска соработка со Intel за значително подобрување на интегрираните графички процесори.

directx-12-preview

Секако дека и конкуренцијата не седи мирно и го чека Microsoft да ги направи вистинските чекори за сопствен бенефит. AMD со својата технологија Mantle исто така се обидува драматично да ги зголеми перформансите на системи што имаат интегрирани чипови кои во денешно време немаат речиси никакви графички способности.

cryengine316

Intel и Microsoft покажаа дека DX12 троши значително помалку енергија и има повисоки способности од својот претходник со тоа што рендерираа 50 илјади астероиди кои се судруваат во вселената на интегриран графички процесор HD4400. Оние програмери што порано ќе се приклучат на програмата ќе имаат можност да го симнат кодот и да видат како овие два гиганти го извеле експериментот.

Извор: PCWorld

Претходна статијаПравото да се биде заборавен ја игнорира структурата на интернетот
Следна статијаНовиот Unreal Engine 4.5 ветува уште пореални гејмерски средини