YouTube
Google

Од непозната причина содржините поврзани со т.н. теории на завера особено му пречат на Google. Во минатото компанијата имаше неколку обиди да се „избори“ против ширењето на содржини, особено видеа со ваква содржина. Но, бидејќи не би било политички коректно истите комплетно да се цензурираат од интернетот, овој пат Google смисли нешто друго.

Најпопуларната платформа за споделување видео содржини, YouTube, во иднина ќе се „бори“ против дезинформациите така што ќе понуди информации обезбедени од виртуелната енциклопедија Wikipedia. Па така, покрај секој „сомнителен“ видео клип, ќе се појави „официјалната верзија“ на настанот за чија вистинитост Wikipedia гарантира. Информациите ќе бидат овозможени во вид на облаче кое ќе се појави под видеото.

Првиот човек на YouTube, Сузан Војчички, сподели повеќе информации во врска со новата пракса. Имено, ваквиот начин на доинформирање нема да биде применуван само на видеа поврзани со „теорија на заговор“. Туку, ќе има за цел да понуди алтернативна информација дури и за теми за кои владеат поделени мислења.

Ваквиот чекор доаѓа по серијата обвинувања дека на платформата се шират видеа кои промовираат дезинформации. Иако YouTube не е новинска агенција, сепак понесува одговорност за точноста на понудените информации. Дискутабилен е единствено пристапот кон Wikipedia и нивната непогрешливост кога се работи за „генерални вистини“.

ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаПроектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа инфо сесија
Следна статијаMicrosoft развива ВИ која ќе умее да преведува кинески како вистински преведувач