Microsoft
Microsoft

Преведувањето на кинескиот јазик отсекогаш било енигма за он-лајн преведувачите. Често преводите резултирале со урнебесно смешни реченици кои немаат никаква врска со она за што всушност се зборува.

Разликата помеѓу логиката на различни јазици најчесто е проблем да се добие вистинскиот превод на одредена реченица. До ваквата ситуација доаѓа од проста причина што вештачката интелигенција задолжена за преведување не умее да го разбере фактот дека јазиците не можат да се преведуваат буквално.

Microsoft се пофали дека поседува ВИ која умее да преведува од кинески на англиски со квалитет на човек-преведувач. Успехот на овој преведувач лежи во неговиот пристап кон содржината која треба да се преведе. Имено, алгоритамот паралелно го преведува текстот од кинески на англиски, а потоа, преведениот текст го споредува за да го дознае квалитетот на сопствениот превод.

Проектот ветува многу, меѓутоа се’ уште е далеку од подготвен да биде пуштен во комерцијална употреба. За почеток ќе биде тестиран на неформални текстови, напишани на неформален јазик, сленг или дијалект. Доколку успее да се справи со граматичките предизвици на кинескиот јазик, ќе значи дека многу други јазици ќе можат да бидат преведени без потешкотија.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаYouTube ќе се бори против теории на заговор со помош на Wikipedia
Следна статијаДоналд Трамп ќе формира вселенски корпус при Армијата на САД