Една од најпопуларните „дејтинг“ апликации се сели и на десктоп уредите. Откако стана мегапопуларна уште од самото деби како мобилна апликација, Tinder, ќе го освојува и десктоп простор. Се работи за веб-оптимизирана платформа, речиси идентична како онаа позната за корисниците на мобилните уреди.

За да ја користите апликацијата потребно е да се „зачлените“, што можете да го направите преку својот Facebook налог. Првичната верзија на апликацијата не вклучува поединости како „Boost“ или „SuperLike“, но во ниту еден случај не губи од својата пракитчност.

Од компанијата која го развива овој бренд велат дека десктоп-варијантата е наменета за новите пазари, односно за корисниците кои немаат доволно меморија на своите мобилни уреди. Покрај тоа, десктоп верзијата ќе понуди физички многу поедноставен начин на допишување, со оглед на тоа што корисниците ќе имаат прилика да се допишуваат користејќи ја својата „огромна“ компјутерска тастатура, на сметка на онаа на екранот на мобилните уреди.

Одлична забелешка направиле develop-ерите на Tinder нудејќи им ја можноста за бескрајни допишувања на оние кои се „приврзани“ за нивните компјутери поради работа или уште почесто на час во училиште или на факултет. Секако се имало во предвид која возрасна категорија е најголем корисник на апликацијата.

Како што е познато и претходно споменавме, Tinder го користи Facebook како механизам за „зачленување“ и користење на апликацијата, па според тоа логички е дека алгоритамот располага со буквално тони информации поврзани со своите корисници, кои совесно ги користи во цел поефикасно „спојување“, маркетинг и промоција.

Прогнозите на компанијата која стои зад Tinder се привлекување на уште поголем број на корисници, преку олеснување на пристапот и охрабрување на комуникација и размена на пораки. Веб-апликацијата е достапна за корисниците од Јужна Америка и некои делови на Европа, во текот на тест периодот, но најавите велат дека наскоро ќе биде глобално достапна.

Извор: Tinder

Претходна статијаiPhone 8 Edition ќе изгледа исто како Galaxy S8?
Следна статијаSamsung DeX го продолжува сонот за смартфон кој може да се користи како десктоп компјутер