speedtest-net-html5

Иако живееме во време кога брзината на интернет пристапот кај голем дел од корисниците е повеќе од задоволителна, сепак нејзината проверка останува важна, но и интересна работа за корисниците.

Главната страна која што овозможува прилично точно мерење на брзината на интернет конекцијата е популарната speedtest.net. Сервисот е достапен и преку мобилни апликации на повеќето платформи, па корисниците можат да го користат во било која ситуација.

Еден минус кој што остана на сервисот е користењето на Flash стандардот и покрај тоа што веќе неколку години се спрема неговото прекинување со замена од страна на HTML5. Дури и Adobe „призна“ дека нивната технологија нема да остане главна во иднина и ќе биде заменета со новите технологии.

Продолжувањето на користење на Flash и покрај доволно големиот развој на HTML5 на speedtest.net, правеше ситуација да корисниците кои што не сакаат да го користат Flash и го имаат исклучено, мораат да го инсталираат доколку сакаат да ја проверат својата брзина на овој сервис. Тука секако треба да се додадат и перформансите кои што се послаби доколку се користи Flash.

Speedtest.net конечно почна да работи на HTML5 верзија и истата е достапна во јавноста за тестирање. Главната страна уште не е префрлена на новата технологија, но тоа се очекува наскоро. HTML5 верзијата можете да ја пробате преку beta.speetest.net.

Сигурно ќе ги забележите подобрувањата во перформансите, односно брзината на отворање на модулот за мерење на брзината на конекцијата. Исто така, оваа страна сега ќе може да се користи од било кој пребарувач, вклучувајќи ги и мобилните, без потреба од инсталирање на апликацијата.

Претходна статијаMozilla ги укинува рекламите кои што ги воведе во Firefox минатата година
Следна статијаMicrosoft ќе престане да го поддржува Windows 10 Mobile во 2018 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.