Mozilla_Firefox_logo_2013.svg

Пред нешто повеќе од една година, Mozilla воведе систем за реклами со кој што почна да ги прикажува во нивниот прелистувач Firefox. Како што истакнаа од организацијата, се работи за реклами кои што не се нападни како што знаат да бидат повеќето кои што се достапни на веб страните.

Овој систем е интегриран во делот за нов таб на прелистувачот, каде што во форма на плочки (Tiles) се прикажани најчесто отвораните веб страни на корисникот. Додека да бидат пополнети овие страни, корисниците може да видат препорачани страни, односно реклами на местото на празните плочки. Се работи за систем кој што не го нарушува сурфачкото искуство, а исто така корисниците имаат можност да го исклучат целосно.

firefox-new-tab

Од Mozilla сепак се решија да го прекинат овој проект уште во самиот почеток. Во месеците што следат, односно додека да поминат платените реклами, корисниците постепено ќе престанат да ги добиваат рекламите.

Како причина се истакнува концентрирањето кон овозможувањето на корисниците да откриваат нова содржина, а рекламите не се нешто што им одговара во овој период.

Слободно може да се каже дека оваа одлука на Mozilla ќе биде поздравена од одреден број на корисници кои што сметаа дека не е соодветно да бидат прикажувани реклами на прелистувач кој што отсекогаш бил дефиниција за заштита на приватноста на корисниците. Тоа посебно доаѓа до израз со новата функција во Firefox 42 која што овозможува блокирање на одредени елементи од веб страните кои што се користат најчесто од страна на системите за рекламирање.

Голем фактор во оваа одлука исто така игра и изворот на финансии на Mozilla. Минатата година тие се одлучија да ја намалат зависноста од Google од каде што ги добиваат најголемиот дел од финансиите, па рекламите беа еден начин за осамостојување на организацијата. Во меѓувреме најдени се додатни извори на финансирање, па рекламите нема потреба да останат, затоа што и така им донесоа негативни реакции.

Извор: Mozilla, PCWorld, VB

Претходна статијаЗапочнува официјалниот крај на Flash, Adobe Flash Professional прераснува во Adobe Animate
Следна статијаSpeedtest.net конечно го прифаќа HTML5 стандардот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.