flexcharger-indiegogo-1

Моментално FlexCharger собира средства за реализирање на проектот на Indiegogo, но доколку успее ќе ја промени играта кога станува збор за полначот за паметни уреди. Имено, за разлика од стандардните полначи кои се ништо повеќе од адаптер и кабелче, FlexCharger вметнува повеќе функционалности во „обичниот полнач“.

Покрај фактот што може да полни 5 уреди во исто време, независно дали станува збор за Apple, Android или било каков друг паметен уред, каблите се собираат внатре во него што го елиминира проблемот со заплеткани кабли.

Со оглед на тоа што додека е поставен на ѕид, на самиот полнач можете да прикачите три уреди – еден од горе, еден на самата вратичка исправен нагоре, и уште еден легнат за безжично полнење – и дополнително уште два уреди прикачени со вградениот кабел од 6 метри или преку USB портот, FlexCharger е доста едноставно и уредно решение.

Моментално има собрано 10 пати повеќе средства од тоа што е потребно да се реализира проектот, што значи во блиска иднина би требало тој да биде достапен за продажба. Иако не е баш евтина варијанта, во план се три решенија, FlexCharger S, FlexCharger W и FlexCharger W/R кои би ве чинеле 99, 119 и 149 долари, соодветно. FlexCharger W има и безжично полнење додека FlexCharger W/R покрај безжичното полнење има и засилувач за безжични мрежи.

Извори: BGR, Indiegogo

Претходна статијаWindows 10 ќе биде достапен од ова лето со бесплатна надградба и за пиратските верзии
Следна статијаSamsung креира куќарка за кучиња што чини 30.000 долари