Apple-Watch-review-(3)-970-80

Само неколку дена откога Xiaomi го сруши рекордот за најголема заработка од продадени мобилни уреди за 12 часа, Apple покажува дека и тие не се надвор од играта кога станува збор за големи продажби за кратки временски периоди.

Имено, од моментот кога Apple Watch беше достапен за резервација до целосно распродавање потребни беа само неколку минути. Што значи, доколку сте чекале долго време за долго најавуваниот Apple Watch, и сте ја пропуштиле оваа шанса ќе треба да чекате до 24 април додека истиот не биде достапен за регуларна продажба, за која претпоставуваме дека ќе се одвива на истиот начин како првата продажба на секоја верзија на iPhone.

Според проценките 957 000 луѓе купиле Apple Watch за тие неколку минути, и тоа е само во Америка.

Најпопуларен е спортскиот модел со 62% од потрошувачите кои се одлучиле за истиот.

За споредба, корисниците на Apple повеќе сакаат smart wear во споредба со корисниците на Android со тоа што во 2014, 720.000 Android паметни часовници се купени од страна на корисниците на таа платформа. Иако не ги знаеме статистиките за оваа година, тешко дека ќе бидат подобри од тие на Apple. Прашањето е дали маркетинг стратегијата на Apple е таа што ги продава часовниците повеќе од тие на Android, или спецификациите се тие што ги привлекуваат потрошувачите?

Извори: BGR, TechRadar

Претходна статијаAbztract Games – Македонски гејминг YouTube канал
Следна статијаTrusted Voice – нов начин на отклучување на Android