nexus2cee_Screenshot_2015-04-11-22-28-03-1

Трката помеѓу интересни функции на паметните телефони очигледно никогаш нема да заврши. Android пред некое време го претстави новиот паметен начин на отклучување на уредот, наречен Smart Lock, кој навистина е интересен за одреден тип на корисници кои сакаат подлабоко да навлезат во персонализирањето на уредот.

Сега Android го претстави Trusted Voice за корисниците кои сакаат да разговараат со нивниот паметен уред. Оваа функција навидум звучи како да е излезена од научно-фантастични филмови каде што уредите наоколу го препознаваат вашиот глас и се отклучуваат само доколку вие ја проговорите тајната лозинка. За жал, Trusted Voice сè уште не е на тоа ниво, но сепак звучи доста интересно.

Имено, опцијата го помни вашиот глас и го отклучува уредот секогаш кога Вие ќе изустите Ok Google!. Сепак Google предупредува дека оваа опција може да го отклучи телефонот доколку некој со сличен глас се обиде да го стори истото. Тоа значи дека треба се уште да помине низ фази за подобрување и подобро препознавање на гласовни фрекфенции. Како и да е, ниеден начин на заклучување на телефонот не е 100% сигурен од пробивање, така и оваа функција делува доста сигурно за секојдневна употреба, а воедно го имате чувството како да држите уред од иднината.

Trusted Voice се има појавено во надградбата Google Play Services 7.0, но не беше целосно поддржан и функционален. Сега, одредена група на корисници веќе го добиваат, што значи нема да биде долго пред да дојде до повеќето уреди.

Извори: Android Police, TechnoBuffalo

Претходна статијаApple Watch распродаден за само неколку минути
Следна статијаDARPA развива софтвер што нема да има потреба од надградби цел век