10842354_1523316514584882_8996334090001453257_o

YouTube веќе долго време е место каде многу млади иновативни луѓе можат да ги покажат своите таленти. За некои луѓе YouTube претставува стабилно работно место поради начинот на кој Youtube ги наградува неговите корисници.

Македонската YouTube сцена не е далеку од оваа вистина и веќе има многу посветени јутубери кои активно се занимаваат со секојдневно прикачуваање на нови интерсни видеа. Еден од тие е Александар, одностно познат како Abztract со неговиот канал Abztract games.

Дипломиран економист и љубител на видео игри тој решава да ги сподели нив на неговиот канал за сите да можат да ги видат и заедно со него да се забавуваат. Каналот е посветен на долги гејмплеј серијали како што се Far Cry 4, Dying Light, Red Faction: Guerrilla и слични видео игри.

Доколку сте љубители на видео игри и ваква забава тогаш Abztract games е местото за вас. Коментарите и хуморот се само уште една причина за да го посетите овој канал и да си поминете еден дел од денот со овој македонски јутубер.

Претходна статијаProject Maelstrom – достапен во јавна бета верзија за Windows
Следна статијаApple Watch распродаден за само неколку минути
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.