hero_ygold_edition_large

Apple денеска одржа посебен настан кој што го најави пред нешто помалку од две недели. Не беше најавено што може да очекуваме од овој настан, меѓутоа се очекуваа повеќе информации околу минатата година претставениот Apple Watch.

Првиот паметен часовник од Apple се очекува да ги постави стандардите на пазарот кој што веќе неколку години постои. Како и за другите производи од компанијата, Apple Watch се очекува да има огромна популарност која што ќе ги надмине досега претставените модели од другите компании. Тоа нема да биде воопшто за изненадување кога ќе се земат во предвид бројките на продадени уреди во последните месеци.

На денешниот настан Apple го презентираше нивниот часовник, како што беше очекувано, но тој не беше одржан само за тоа. На настанот беше претставена и нова верзија од MacBook Pro лаптоп компјутерот, како и ексклузивен договор за Apple TV со HBO кои што го промовираат својот HBO Now сервис.

Apple Watch, како и повеќето конкуренти, ќе работи како продолжение на iPhone, а ќе биде компатибилен од iPhone 5 моделот, па нагоре. На него ќе бидат достапни апликации кои што се направени од Apple и претставуваат еден вид на прилагодени верзии од мобилниот уред, но има и такви кои што се специјално развиени за часовникот. Апликации ќе бидат достапни и од трети страни, а за нивно развивање програмерите имаа веќе подолго време алатка за таа намена на располагање.

Часовникот може да се користи преку екранот кој што е на допир, но исто така голем број од активностите може да се прават и преку страничното круна копче. Под ова копче поставено е уште едно обично копче кое што служи за брз пристап до омилените контакти.

Покрај стандардната работа со апликации, Apple Watch доаѓа со целосна поддршка за работа со нотификациите од мобилниот телефон. Може да се прегледуваат нотификациите, да се примаат повици и пораки и слично. Работата со нив се прави преку претходно дефинирани одговори, а може да се користи и гласовното диктирање.

На долната страна од часовникот е поставен сензор за пулс кој што е дел од фитнес функциите кои што се достапни за корисниците. На долната страна исто така е поставен делот за полнење на часовникот.

Кога сме кај полнењето, односно траењето на батеријата, имаше повеќе шпекулации и најави околу тоа пред претставувањето. На настанот официјално беше најавено 18 часовно траење на батеријата, кое што Apple го нарекува цел ден. Батеријата ќе мора да се полни секој ден, односно сепак уредот не е направен и наменет за повеќе дневно мирување.

Apple Watch исто така ќе вклучува и вибрации кои што ќе работат при притискање на екранот, како и при пристигање на нотификации.

Како што беше најавено при првото претставување на Apple Watch, тој ќе доаѓа во три варијанти. Основниот модел Apple Watch Sport, стандардниот Apple Watch и посебниот луксузен модел Apple Watch Edition.

Почетната цена за Apple Watch ќе изнесува 349 долари, додека најскапата златна варијанта ќе се продава по цена од 10.000 долари.

Претходна статијаFeelreal VR e „најреалната“ виртуелна реалност со вграден мирис
Следна статијаSolar Impulse 2 – сончево-напојуван авион кој цели да го сврти светот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.