Моментално во Buffalo, New York се гради Гигафабрика на Tesla која е втора од ваков тип. Компанијата објави дека сака да изгради вкупно пет Гигафабрики, а за наредните три се’ уште ги нема објавено локациите. Локацијата пак на првата ваква фабрика е во Sparks, Nevada. Таму и во Fremont, California се произведуваат батерии кои ќе се користат за Model 3. Производството на овој најнов модел на Tesla е закажано за јули оваа година. Ќе се започне со 5.000 возила неделно на самиот почеток, кои што треба да се претворат во 10.000 возила некаде во 2018 година.

Според Elon Musk потребна е изградба на околу 200 Гигафабрики за да се задоволат потребите од електрични возила на пазарот. Како што кажавме локациите на следните три Гигафабрики не се уште познати, но се шпекулира дека едната од нив може да биде на европско тло. Одлуките за локациите на овие дополнителни три фабрики треба се донесат некаде до крајот на оваа година.

Да се навратиме на првата Гигафабрика на Tesla во Невада. Тука се произведуваат батерии за нивните електрични автомобили и производи за складирање на електрична енергија. Кога оваа фабрика, некаде во наредната година, ќе го достигне своето максимално производство, тоа ќе значи трикратно зголемување на производството на li-ion батерии. Сите овие новости поврзани со изградбата на нови фабрики на Tesla се добри вести на некој начин. Особено после објавувањето на некои финансиски резултати на оваа компанија кои не се ни приближно до посакуваните и планираните резултати.

Извор: TheNextWeb, Inhabitat

Претходна статијаКонцепт за iPhone 8 е замислен без рамка околу дисплејот и Touch Bar во долниот дел
Следна статијаQualcomm Snapdragon 835 ќе се вградува и во мобилни VR уреди