Поминаа 48 години одкако Конкорд го изведе својот прв лет. Причината зошто Конкорд или било кој друг суперсоничен авион не се користи денес е секако економската неисплатливост. Од друга страна Конкорд создаваше толку силен звук кога го пробиваше звучниот ѕид, што дури и властите мораа да реагираат за да се забранат неговите летови. Како што сите знаеме, Конкорд се користеше за превезување на богати и славни личности најчесто од Лондон до Њујорк и назад. Денес идејата за експресно брза релација помеѓу овие два града се’ уште е активна.

Овој пат некои други имиња се во игра за да се обидат да го скратат летот помеѓу Лондон и Њујорк на околу два часа патување. Компаниите како што се Airbus и Virgin Galactic, но и Lockheed Martin се најчесто спомнуваните имиња кои ќе се обидат да ги вратат суперсоничните авиони повторно на небото. Денес со сигурност е полесно да се изведе сето ова отколку пред 50 години, поради новите понапредни материјали коишто се достапни и усовршувањето на аеродинамиката, односно технологијата и нејзината достапност генерално.

Сопоред одредени истражувања, моментално во светот постои потенцијален пазар за околу 450 суперсонични авиони. Ова е уште една мотивација плус за сите компании коишто размислуваат на тоа поле за во иднина. Како што споменавме, идните суперсонични авиони ќе бидат понапреди од Конкорд, не во брзината која што најверојатно ќе остане приближно иста, туку во економичноста односно потрошувачката на гориво и намалување на звукот кој што Конкорд го создаваше.

Извор: Wired

Претходна статијаИнтерактивна мапа која го покажува зголемувањето на нивото на морињата
Следна статијаРаботилница на тема „Генерирање на идеи и бизнис модели“ денес во СЕДЦ Бизнис Симулаторот