Сите знаеме за проблемите коишто се најактуелни кога станува збор за животот на Земјата, односно фамозниот триаголник помеѓу глобалното затоплување, топењето на мразот и зголемувањето на нивото на морињата. Знаеме и за опасностите коишто произлегуваат од овие проблеми, но не секој поединечно може да ги замисли промените коишто би произлегле од овие климатски пореметувања. Сега постои интерактивна мапа на која што може да се види како нивото на морињата се зголемува и како тоа придонесува за менување на околината.

Оваа мапа е дело на National Geographic кои велат дека сакаат да ја зголемат свесноста кај сите нас за проблемот со глобалното затоплување. На оваа мапа може да се видат промени коишто со сигурност се загрижувачки, особено за државите и градовите кои се наоѓаат покрај море, на самиот брег или пак во близина на морето. Доколку продолжи овој тренд на глобално затоплување тогаш работите во иднина само ќе се влошуваат како што може да се види на интерактивната мапа.

Оваа мапа од National Geographic може да се најде на вебсајтот од нивниот документарен филм посветен на климатските промени, којшто се вика Before the Flood и кој за прв пат беше прикажан во октомври минатата година. Во овој документарец главна улога, или поточно домаќин, е големата холувудска ѕвезда Leonardo DiCaprio, а учествуваат и други значајни личности како што е поранешниот претседател на САД Barack Obama, основачот на Tesla Elon Musk и многу други.

Извор: TheNextWeb

Претходна статијаДиоптриски очила со бесконечни комбинации на диоптрија -дали е можно?
Следна статијаСуперсоничните авиони се враќаат во употреба