Сигурно сте се запрашале зошто новите електрични возила и тие со хибрид мотор, немаат вградени соларни кровови. Toyota е првата автомобилска компанија која што ја понуди оваа опција во нивниот модел Prius во 2012 година. Сега Toyota соработува со компанијата Panasonic со цел создавање на нов соларен кров за оваа автомобилска компанија. Новиот кров наречен HIT Photovoltaic Module ќе може да генерира од 50 до 180 вати електирчна енергија.

Овој соларен кров на Panasonic ќе биде прв од ваков тип кој што ќе може директно да полни литиумска автомобилска батерија. Ќе биде инсталиран во најновиот модел на Toyota, Prius PHEV. Соларниот кров кој претходно беше користен во овие модели на јапонскиот автомобилски производител, генерирал незначително количество на електрична енергија. Новиот соларен кров се очекува да ја зголеми ефикасноста на автомобилот за цели 10 проценти. Тоа би значело додавање на дополнителни 3,5 километри на ден во идеални временски услови.

Моментално новиот Toyota Prius е достапен само во Јапонија и Европа, но не и во САД. Ова се должи на тоа што материјалот, одностно стаклото од кој што е изработен новииот соларен кров, не ги поминал безбедносните тестови во САД. Сепак не е се така лесно и едноставно. Потрошувачите во Велика Британија на пример, треба да издвојат дополнителни 1,500 фунти за моделот со оваа опција. Тоа создава дилема кај повеќето купувачи, бидејќи не се сигурни дали инвестицијата ќе им се врати. Доколку размислуваат на подолг рок секако е исплатливо, но останува времето да покаже за користа од оваа иновација на Toyota.

Извор: NewAtlas

Претходна статијаКодното име на Galaxy Note 8 е “Great”
Следна статијаНаучници развија компјутер базиран на ДНК, кој може да се „размножува“