Помисливте дека Galaxy S8 Ќе биде најдоброто од Samsung годинава? Помислете повторно – во втората половина на 2017 година тие ќе го лансираат наследникот на проблематичниот Note 7, кој има кодно име “Great”, односно за оној мал број кои не знаат англиски – „одличен“.

Ова е целосно очекувано – единствен начин Samsung да ја врати довербата на купувачите, покрај врвен Galaxy S8, е одличен Galaxy Note 8. Знам, употребувам многу епитети, но според тоа што го знаеме досега за S8-ката, тој ќе биде највозбудливиот смартфон во првата половина од оваа година. За Note 8 може да очекуваме многу повеќе, особено во делот на продуктивноста со популарното “S Pen” пенкалце.

Покрај кодното име “Great”, според SamMobile, познато е бројот на моделот – SM-N950F. Овој број е скок во однос на претходникот, кој беше означен со SM-N930F, а тоа е направено со цел да се избегне бројот 4, кој се смета за несреќен во Кореја. Не дека не сме навикнати на скокнување на бројки на Samsung – тие директно „рипнаа“ од Note 5 на Note 7.

За оние кои не можат да издржат до лансирањето на Note 8, а се колнат во можностите на оваа серија на Samsung, корејскиот гигант најверојатно ќе лансира “refurbished” верзија на Note 7, но не во Индија како што претходно се очекуваше, туку во Јужна Кореја. Ова е исто така информација од SamMobile и истата не е потврдена, но е реално возможна. Да се надеваме дека по некој од овие модели ќе пристигне и кај нас, бидејќи Note 7 е навистина импресивен смартфон, настрана експлозивниот карактер.

Извор: Android Authority, SamMobile, SlashGear

Претходна статијаОбожавате LEGO? Спремете се за BRIXO!
Следна статијаPanasonic разви соларен кров за Toyota Prius