445

Многу од филмовите, особено оние кои имаат повеќе акција, се навистина поинтересни во 3D. Сепак, денес за да гледате 3D филм во кината, треба да носите посебни очила кои ја затемнуваат сликата, го намалуваат интензитетот на боите и се дури и мачни за носење, особено за оние кои веќе носат очила.

Поради тоа, 2D искуството и натаму се чини како многу подобро за оние филмови кои немаат многу акција и визуелни ефекти. Ова сепак треба наскоро да се промени – научници од MIT CSAIL Израелскиот „Визман Институт за Наука“ развија нов тип на дисплеј за кината, кој може да прикаже 3D слика без очилата.

Сега сигурно некој од вас поупатените ќе рече дека такви дисплеи веќе има – неколку производители на телевизори дури и ги имаат во својата понуда, но јас ќе ви кажам дека тие имаат ограничен агол на гледање и скоро и да немаат 3D ефект за оние кои седат отстрана. Ова можеби не е проблем за домашно гледање, но во кината треба апсолутно секој посетител да има подеднакво искуство.

Новиот дисплеј на MIT CSAIL има неколку „Паралакс“ бариери вградени во дисплејот, поточно 50 леќи и огледала со помош на кои ја постигнува 3D сликата. Овој дисплеј може да испорача 3D слика дури и на оние кои седат странично, а овозможува и висока резолуција на сликата, за разлика од досегашните вакви решенија.

Засега примерокот на истражувачите е многу мал и ќе треба уште некое време додека оваа технологија не се пресели на големото платно. Исто така, доколку тоа се случи, очекувајте повисоки цени на картите за ваков филм, бидејќи цената на овој дисплеј ќе биде многу повисока од таа на досегашните кино платна.

Извор: Engadget, The Verge, The Next Web

Претходна статијаBlackberry го претстави „најбезбедниот“ Android телефон во светот
Следна статијаДенот на независноста 2 (РЕЦЕНЗИЈА)