microsoft-emotion-1

На Microsoft оваа недела му беше одобрен патент за технологија која што го забележува расположението на луѓето. Наменета да биде дел од очила, технологијата вклучува сензори кои што забележуваат гримаси, движења, став, звуци и слични знаци кои што треба да и овозможат донесување заклучок за расположението на личноста која што е во видното поле.

Расположенијата кои што е дадени како пример вклучуваат забележување дали личноста е среќна, налутена, и е досадно, збунета, изненадена и слично.

Според некои извори, оваа технологија може да биде вградена во HoloLens очилата кои што ги развива компанијата. Овие очила се наменети за изменување на реалноста, односно за прикажување на информации во околината која што се наоѓа пред човекот. Намената може да им биде од играње на игри, па се до посериозна бизнис употреба во разни услови.

microsoft-emotion-2

Од денеска започнува Microsoft Build 2015 конференцијата на која што покрај повеќе информации за Windows 10, можно е и повторно презентирање на HoloLens очилата.

Инаку, намената на технологијата патентирана оваа недела се гледа во разни ситуации кога би било корисно да знаеме какви се реакциите на другата страна. Тоа може да биде некое предавање, а посебно во училиштата каде што може да се користи како алатка која што би помогнала за поголема вклученост на децата во учењето.

Извор: PCWorld, Digital Trends, USPTO

Претходна статијаЗаработката на Apple од iPad опаѓа
Следна статијаSamsung повторно најголемиот производител на паметни телефони
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.