K5-v2.0_3

Полека се ближиме кон времето на доволен развој на технологијата каде што како во филмовите, се повеќе активности досега извршувани од луѓето, се заменети со роботи. Како што веќе пишувавме, не е чудо во не толку далечна иднина тие да не заменат нас луѓето во работата, се разбира онаа тешката и можеби досадната.

Во овој случај се работи за робот кој што треба да патролира во одредена локација и со тоа да ги замени безбедносните чувари. Чувари се’ уште би останале да работат, меѓутоа многу помалку и тие би ги следеле информациите кои што ги испраќа роботот и би интервенирале во одредени ситуации во кои што предупредувањата од него нема да бидат доволни.

Роботот наречен К5 е направен од страна на компанијата Knightscope и одреден период бил тестиран на локација од Microsoft. K5 е со висина од 1,5 метри и е направен во форма на купола. Вклучува батерија која што може да издржи до 24 часа на работа, по што треба да се полни неколку часа. Роботот има способност сам да ја следи батеријата и кога истата ќе биде блиску до испразнета, самиот да отиде до одредена локација каде што може да се наполни.

Knightscope K5 вклучува повеќе сензори кои што му служат во неговата работа, како за детектирање на работи, така и за неговото движење. Движењето го прави врз основа на GPS навигација, дополнет со ласер за подобра прецизност и точност при одредувањето на пречките пред него. Со користењето на ласер, роботот е во можност да направи точна 3D слика од околината, со што движењето не претставува никаков проблем.

K5-2.0-Green.jpg

K5 не е вооружен, што сигурно за такво нешто уште е рано, па би биле предизвикани доста дискусии околу оправданоста. Користи Wi-Fi и мобилна мрежа за да комуницира со вработените во контролниот центар, како и со другите роботи доколку има повеќе. Чуварите можат да разговараат преку роботот доколку одредена ситуација бара такво нешто.

Сензорите и инструментите кои што се дел од роботот вклучуваат HD камери кои што ја покриваат целата околина од роботот, можност за препознавање на лица од дата база, термално сликање, инфрацрвени камери, микрофони, радар, ултразвук за следење на брзината на приближување на одредени објекти, инструменти за временските услови и слично.

Доколку одредена личност се приближи до роботот, тој вклучува аларм и ги известува службите задолжени за интервенирање. Доколку личноста продолжи да стои до роботот, па дури се обидува и да го оштети, тој вклучува посилен аларм како и ги известува чуварите за интервенција.

K5 треба да биде пуштен во употреба во некоја од IT компаниите до крајот на годината. Бројот на роботи во почетокот треба да биде околу 4, по што идната година ќе се продолжи зависно од барањето од компаниите.

Извор: Engadget, MIT TR, Knightscope

Претходна статијаУште една реклама споредба од Microsoft помеѓу Surface и MacBook Air
Следна статијаStuxnet црвот ги нападнал Иранските нуклеарни погони преку нивните добавувачи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.