macbook-air-vs-surface-1

Иако една од намените на Surface уредите од Microsoft е тие да бидат користени и како таблет компјутер, сепак тие во главно се насочени кон помалите, тенки и лесни лаптоп компјутери. Поради тоа можеме често да видиме реклами во кои што од компанијата прикажуваат зошто нивниот Surface е подобар од познатиот MacBook Air.

Овој месец исто така можевме да видиме реклама од Microsoft во која што го споредува новиот Lenovo Yoga 3 Pro со MacBook Air во која што се разбира уредот кој што работи на Windows 8.1 е подобриот.

Во секоја од овие реклами во основа се истакнува фактот дека Surface и сличните вакви уреди се мали, лесни, а имаат хардвер кој што ги става во категорија на моќни лаптопи, барем дел од нив. Предноста на Surface е што доаѓа со екран на допир и можност да се тргне тастатурата и да се користи како таблет компјутер.

Овој вид на реклами до некаде потсетува на старите реклами од Apple во кои што двајца познати актери, едниот претставува PC, другиот Mac, ги прикажуваат предностите на Mac во однос на тогаш најмногу користените PC компјутери. Сепак може да се каже дека новите реклами од Microsoft, иако квалитетно направени, не може да се споредат со интересноста на старите.

Рекламата е направена за празниците кои што доаѓаат од идниот месец и можете да ја погледнете во продолжение. Не знам за вас, меѓутоа според мене машкиот глас во рекламата прави да не сакате втор пат да ја гледате.

Претходна статијаСопственикот на Polygraph.com обвинет за тренирање на луѓе да лажат при тестирање
Следна статијаKnightscope K5 – Робот што треба да ги замени безбедносните чувари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.