Иранскиот екс-претседател, Махмуд Ахмадинеџад, на прошетка низ Натанц нуклеарната централа која беше цел на нападот од Stuxnet црвот
Иранскиот екс-претседател, Махмуд Ахмадинеџад, на прошетка низ Натанц нуклеарната централа која беше цел на нападот од Stuxnet црвот
Иранскиот екс-претседател, Махмуд Ахмадинеџад, на прошетка низ Натанц нуклеарната централа која беше цел на нападот од Stuxnet црвот

Според најновата анализа на Kaspersky Lab, погоните за производство на нуклеарна енергија на Иран биле нападнати од Stuxnet црвот преку заразување на добавувачите на опрема за самите погони. Веројатно некои од вас се сеќаваат за нападот од Stuxnet црвот во 2010 година кој имаше за цел да наштети на Иранската нуклеарна програма, што во голем дел и успеа бидејќи беа уништени скоро една петтина од нуклеарните центрифуги во Иран. При анализата беше пронајдено дека дури 60% од заразените компјутери во светот со овој црв доаѓаат од Иран. Но поради програмерска грешка самиот црв излезе од затворените Ирански нуклеарни системи и се рашири по Интернет низ светот, што всушност овозможи тој да биде откриен.

Kaspersky Lab изјави дека нападот врз нуклеарните електрани веројатно не се случил преку USB порта или меморија како што се мислеше на почетокот, туку преку пренесување на хардвер и компјутери од заразените добавувачи до самите електрани. Ова особено било со добавувачот на нуклеарни центрифуги преку пореметување на нормалната фреквенција на работа до таква која предизвикува тие да се расипат, а воедно лажејќи ги системите за надгледување дека се’ е во ред. Тоа го изведува преку напад на Сименс S7-300 системот за регулација на работата на центрифугите. Оваа слаба точка оттогаш е поправена од страната на Сименс.

Првата верзија на Stuxnet била компилирана само неколку часови пред да биде пуштена во напад на доставувачите и нашироко се сомнева дека поттекнува од САД или Израел со цел да и’ наштети на Иранската нуклеарна програма, иако ова не е потврдено. Kaspersky Lab и останатите истражувачи се’ уште не можат да потврдат од каде точно поттекнува црвот, но успеале да потврдат која е неговата цел.

Извор: Kaspersky, Engadget

Претходна статијаKnightscope K5 – Робот што треба да ги замени безбедносните чувари
Следна статијаImpossible – велосипед кој можете да го сместите во торба