Холограм со вештачка интелигенција е работа која веќе ја имаме видено во многу Sci-Fi филмови или прочитано во такви книги, па беше и очекувано дека некој ќе направи таков холограм во реалноста, особено што технологијата за визуелно претставување е веќе достапна, а и вештачката интелигенција е веќе доволно добра за да може да разговарате со неа.

Ваква технологија претставија VNTANA и Satisfi Labs, кои сакаат да ја продадат на компаниите, кои пак би ја користеле како начин да разговараат со клиентите. Компанијата VNTANA на пример го замислува овој дигитален помошник како можност за компаниите подобро да комуницираат со своите клиенти или идни купувачи.

На пример, замислете дека ѕвездата од вашиот фудбалски клуб ве пречекува кога ќе бидете на стадионот или пак дури и кога купувате некоја спортска опрема, како на пример патики. Сериозно, би било навистина кул да се разговара со Лионел Меси во врска со новите Adidas.

Технологијата која се употребува за овие холограми е способна и за учење од разговорите кои ги прави со луѓето, нешто слично како дигиталните асистенти во нашите телефони. Благодарение на тоа, таа ќе станува подобра со текот на времето и евентуално, ќе направи холограм со кој ќе разговарате како со вистински човек. Всушност, токму ова се замислите на многу познати футуристи, според кои се ближи времето кога ќе разговараме со холограми и роботи буквално насекаде.

Извор: Futurism, Next Reality, Interesting Engineering

Претходна статијаДевојка-робот атракција на саемот за игри во Токио
Следна статијаСиликонската долина повторно во Скопје