Како прв ментор на втората пред-акцелераторска програма наменета за ИТ стартапи, Сеавус Инкубатор го најавува гостувањето на Адамс Елиот од Силиконската долина. Како и минатата година, во текот на октомври и ноември во Скопје ќе дојдат многу познати имиња од светот на претприемништвото, а Сеавус Инкубатор ќе биде место каде стартапите ќе иновираат продукти кои во наредниот период ќе го освојат светот.

Елиот Адамс има големо искуство во работа со претприемачи, пред сè како ментор на пред-акцелераторската програма на светски познатиот акцелератор Тechstars од Сан Франциско. Тој  е предавач на Интернационалната бизнис школа Hult со седиште во Сан Франциско, каде соработува со претприемачкиот центар Nasdaq и е автор на книгата “The startup mixtape” која ќе ја промовира за време на неговото гостување во Македонија. Интересен податок е дека еден од стартапите во кој работел како директор за технологија (CTO) е продаден за 22 милиони долари во 2008 г.

Аплицирањето за пред-акцелераторската програма на Сеавус Инкубатор е се уште отворено, а само 10 стартапи ќе имаат можност да земат учество во овогодинешната програма. Сите заинтересирани компании можат да аплицираат на веб страната на Сеавус Инкубатор.

Претходна статијаЛансиран холограм со вградена вештачка интелигенција
Следна статијаНаследниците на iPhone 8 и 8 Plus ќе имаат мала рамка околу дисплејот, исто како iPhone X