HyperLoop_Concept_Nature_02_transparent_copyright__c__2014_omegabyte3d.0-640x426

Hyperloop е концепт за транспорт прикажан како труд од страна на Elon Musk пред скоро 2 години. Се работи за навистина интересен концепт кој што треба да овозможи движење на возовите во системот со брзини и до 1.200 km/h.

Концептот е составен од еден вид на туби, односно тунели кои што се поставени над земјата во посебно направена пруга од нив. Тубите ќе бидат држени под благ вакуум што ќе овозможи помало триење на возилото, односно посебно направените вагони внатре, поради што ќе бидат овозможени големите брзини.

Моментално концептот се развива, меѓутоа никој нема изградено било каков дел од него, односно се работи само на развојот на дизајнот и карактеристиките. Посебна компанија беше оформена која што го превзема развојот, а до некаде и го унапреди во период кога се мислеше дека Musk нема да продолжи да работи на него.

Преку неговиот Twitter, Elon Musk извести дека сепак останува во проектот и дека ќе инвестира во изградба на тест пруга на која што ќе може да се тестира се што ќе биде развиено за овој проект. Пругата ќе биде со должина од околу 8 километри, а треба да се најде локацијата, за која што се размислува да биде некаде во Тексас.

Пругата ќе работи на отворен принцип, односно луѓето кои што ќе работат на проектот ќе можат да ги тестираат своите прототипови на неа. Истата ќе биде наменета за компаниите кои што работат на развојот, како и на студенти кои што ќе работат на развој на концепти. Се најавуваат дури и трки помеѓу разните развиени концепти на вагони и нивниот начин на работа.

Извор: The Verge, Engadget

Претходна статијаDolby ја подготвува револуцијата во гледањето видео содржини
Следна статијаGoogle ќе започне со тестирање на Project Ara во Порторико
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.