3dprinting3_3249706b

Со 3Д принтерите можете да создадете најразлични предмети. Пред некое време пишувавме за зграда во Кина која е во голем процент направена со 3Д штампање, пишувавме и за нов процес на 3Д штампање, а секако дека можете да создавате најразлични предмети како оружје, алатки за домаќинство па дури и цели машини.

Исто така пишувавме и за едно куче кое се стекна со нов 3Д одштампан екстремитет како замена за сопствениот. Денеска ве известуваме за уште едно животно на кое му се помогна со оваа технологија, а тоа животно е – желка. Имено, желката Клеопатра боледува од некоја ретка и болна болест која и` го распаѓа оклопот, па тој постанува кршлив. Во моментите на парење тој знае да се скрши и да ја остави подложна на инфекции и повреди.

Кога Роцер Хенри, студент на Техничкиот универзитет од Колорадо, дознал за ваквата состојба на Клеопатра, одлучил да и` даде нов оклоп за да ја заштити. Тој го направил дизајнот и го однел во 3D Printing Store во Денвер, кои му го испечатиле со нивниот 3Д штампач. „Слушнав дека оваа желка е оштетена и дека и` треба помош, и ми изгледаше како правилната работа која треба да ја направам“ – вели тој, и продолжува: „Ние, во основата, му кажавме на софтверот дека ова (оклопот; заб.) е парче облека. Затоа, нареди го врз желката“.

Клеопатра нема потреба да го носи оклопот насекаде туку само во контакт со други желки, а се очекува нејзиниот природен оклоп да зарасне поради здравата исхрана и живот на кои е подложена кај нејзините лекари. Како што расте таа ќе се зголеми до 3 пати во големина па ако е потребно, ќе се испечатат нови 3Д оклопи за да одговараат на нејзината големина во моментот.

Извор: Telegraph, Gizmodo

Претходна статијаYouTube тестира видеа снимени во 4К резолуција со 60fps
Следна статијаNASA сака да направи месечина на Месечината