redmi-note-3_0

Еден од најголемите кинески производители на мобилни уреди, ги претстави своите нови два уреди во категоријата на смартфони и таблети. И двата донесуваат неколку важни новитети, меѓу кои се издвојуваат читачот за отпечатоци на прсти кај Redmi Note 3 и достапноста на верзија со Windows 10 кај Mi Pad 2 таблетот.

Redmi Note 3 е новиот обид на Xiaomi во таканаречената класа на телефон/таблети. Новиот модел има 5,5 инчен дисплеј со Full HD резолуција, која можеби заостанува зад останатите Android конкуренти, но е рамо до рамо со iPhone 6S Plus. Дизајнот е прилично класичен, со метално тело и тенко куќиште со дебелина од само 8,65 mm.

redmi-note-3-2

И покрај тоа што е прилично тенок, Redmi Note 3 има масивна батерија со капацитет од 4000 mAh, која треба да овозможи прилично долго користење со едно полнење. Процесорот е MediaTek Helio X10 и помогнат од 2 GB, односно 3 GB рам, зависно од верзијата. Задната камера пак има 13 мегапиксели, додека предната 5 мегапиксели – исто како кај претходникот. До задната камера е вграден и читач за отпечатоци на прсти кој го препознава прстот за само 0,3 секунди и кој може да се користи и како заштита за дигитално плаќање

screenshot-2015-11-24-13-44-09

Како и секогаш со Xiaomi, најголем адут ќе биде цената – моделот со 2 GB рам и 16 GB простор за складирање податоци чини само 140 долари, додека 3/32 GB моделот чини само 172 долари.

Mi Pad 2 таблетот пак е конкурент на iPad Mini со екран со иста големина (7,9 инчи) и иста резолуција (2048х1536). Претходникот беше прилично успешен, бидејќи нудеше одлични перформанси благодарение на Tegra K1 чипот и прилично ниска цена.

mi-pad-2

Новиот модел сега има Intel Atom X5-Z8500 процесор, кој е исто така меѓу најмоќните мобилни чипови, но кој има една голема предност – може да работи и со Windows 10. Тука е помогнат од 2 GB рам меморија, а енергијата ќе ја црпи од батерија со капацитет од 6190 mAh. Mi Pad 2 се полни преку USB Type-C, што значи овозможува и брз проток на податоци, а има и предна камера со 5 MP, односно задна со 8 MP и леќа со бленда f2.0.

Благодарение на Intel процесор, Xiaomi ќе понуди две верзии на таблетот – едната само со Android и MIUI 7 скин и друга со Windows 10 и Android во Dual Boot варијанта. Windows верзијата ќе има и поголем капацитет од 64 GB и ќе чини 200 долари, во однос на 16 GB за верзијата само со Android која ќе чини 156 долари, што е исклучително поволно со оглед на тоа што се работи за прилично квалитетно изработен таблет со алуминиумски елементи.

Извор: TechCrunch, Windows Central, Android Central (1) (2), Neowin

Претходна статијаРасте продажбата на Windows таблети на сметка на iPad
Следна статијаGoogle скришно создале StarTrek Communicator