42222a51-579c-402c-b388-cbb6b3e89e1e

Популарноста на Surface уредите, како и на неговите „клонови“, придонесе за големо зголемување на продажбата на Windows таблети, а во однос на ултра популарниот iPad на Apple.

Имено, во првите девет месеци од 2015 година, продажбата на Windows таблети има пораснато за 58% во однос на истиот период минатата година. Дел од овој успех може да се препише на Surface Pro 3, но факт е дека нагло расте продажбата и на другите производители на таблети.

Интересно, со растот на продажбата, Windows 10 таблетите одземаат се поголем дел од колачот кој до неодамна го сочинуваа Android и iPad таблетите. Во бројки, Android сеуште е во големо водство со 68% учество, додека iPad има 22%, а Windows 10%. Според анализа на пазарот, до 2019 година, ако продолжи овој раст, Windows би требал да се искачи на 18%, iPad на 23%, додека Android ќе падне на 59%. Вкупно, оваа година се очекува да се продадат 22 милиони Windows лаптопи.

tablet-market-share-2015

Сепак, доколку продолжи трендот на спојување на таблетите со лаптопите и трендот на големиот раст на нивната продажба, претпоставувам дека Windows може уште порано да го надмине iPad на таблет сцената. Тука секако помага и новиот Windows 10 оперативен систем, кој е драматично поуспешен од својот претходник, Windows 8.1, а да не заборавиме, овие бројки погоре се однесуваат токму на постариот.

Покрај тоа, на Windows сцената, сега Microsoft е тој кој иновира и ги влече конците кај уредите, за разлика од порано, кога тие го правеа само софтверот. Со ова, тие ги тераат другите производители да направат уште подобри и поевтини уреди, што секако придонесува за раст на продажбата и зголемување на популарноста на еко системот.

Исто така, наредниве две години се очекува голем раст на употребата на таблети со тастатура и Windows во поголемите фирми и компании. Ова исто така може да направи Windows да има значителен скок во продажбата во однос на главните конкуренти. И на крај, секако помага и се подобрата понуда на евтини Windows таблети, кои со помош на тастатура, можат делумно да заменат и целосен лаптоп.

Извор: TechRadar, Cult of Mac, WinBeta

Претходна статијаКритична маса #43: Здрав транспорт за здрави градови
Следна статијаXiaomi ги претстави Redmi Note 3 и Mi Pad 2 таблетот со Windows/Android