sony-xperia-z4-tablet-2015-02-25-01

Јапонскиот производител, веројатно несакајќи, ја протече првата фотографија од најновиот Xperia таблет, кој ќе ја носи ознаката Z4 Lounge и ќе има големина на екранот од 10 инчи, директно конкурирајќи му на iPad Air.

Таблетот, според првите информации, ќе биде ултра тенок и ќе биде изработен од квалитетни, лесни и луксузни материјали. Таблетот ќе биде опремен со „најсилниот“ мобилен процесор, што значи дека тоа веројатно ќе биде Snapdragon 810. Сепак, ќе биде интересно да се види како овој процесор ќе се справи во Xperia Z4 Lounge, бидејќи во првите телефони во кои се вгради, како на пример LG G Flex 2, перформансите што ги нуди се во најмала рака слаби, дури и во работењето со оперативниот систем. Покрај новиот чип, за очекување е таблетот да има 3 или 4 GB рам меморија.

Покрај новиот чип во внатрешноста, екранот ќе има супер висока 2K резолуција, односно 2560х1440, како и голема батерија. Всушност, и покрај тенкото тело и екранот со висока резолуција, Sony ветува дека Z4 Lounge ќе има најдолго траење на батеријата во класата, што би значело над 12 часа константна работа. Исто така, за очекување е уредот да има и квалитетна камера, како и сите уреди на Sony досега. Според наша проценка, тоа би можел да биде сензорот со 13 мегапиксели.

Интересно, Sony ќе го претстави таблетот на сред паѓање на продажбата на ваквите уреди, односно префрлањето кон 2 во 1 лаптопите кои заземаат се повеќе од колачот на пазарот. Официјално, Xperia Z4 Lounge ќе биде претставен на MWC саемот во Барселона, веројатно со неколку нови паметни телефони од истоимената серија.

Извор: Engadget

Претходна статијаПредпроизведен дом од ArchiBlox создава повеќе енергија од што троши
Следна статијаAndroid for Work ќе овозможи користење на приватните телефони во корпоративната околина