150909-camera-shootout-comparison-note5-s6-edge-iphone6-oneplus2-honor7-g4-htc-huawei-sony-xiaomi-2

Излегоа бројките за продажба на смартфони во 2015 од IDC (International Data Corporation) и очекувано, Корејскиот гигант е на првото место со најмногу продадени единици, но кинеските компании се најголеми победници – ги држат третото, четвртото и петто место, зад вториот Apple.

Вкупно, во 2015 година, низ светот биле продадени 1,43 милијарди нови смартфони, што е висока бројка и тоа 10,1% повисока во однос на 2014 година. За овој раст веројатно се заслужни големите пазари во развој, како Кина и Индија, каде многу од корисниците минатата година го купија својот прв паметен телефон.

2015 global sales_0

Samsung минатата година продал вкупно 324,8 милиони смартфони, што е благ пораст на продажбата од 2,1% во однос на 2014 година. Apple пак продал 231,5 милиони паметни телефони, што е фантастично висока бројка со оглед на тоа дека имаат само два модели во понудата. iPhone 6 и iPhone 6 Plus, како и нивните S изведби кои беа лансирани во последните три месеци, придонесоа за зголемување од 20,2% во однос на 2014 година.

chart-ww-smartphone-vendor-market-share

Најголем раст сепак имаа кинеските производители – третиот Huawei продал 106,6 милиони паметни телефони (+44,3% во однос на 2014 година), четвртиот Lenovo продал 74 милиони паметни телефони (+24,5% во однос на 2014 година) и петтиот Xiaomi кој продал 70,8 милиони смартфони (+22,8% во однос на 2014 година).

Бројките за последното тримесечје од 2015 се малку различни – Samsung се уште е прв, но со раст на продажбата од 14%, додека Apple со 74,8 милиони продадени паметни телефони оствари иста бројка како во 2014 година и покрај тоа што во тој период лансираа нови “S” модели. Дали е ова знак за пад на популарноста на iPhone? Можеби не, но дефинитивно купувачите сакаат да видат поголеми промени и подобрувања.

2015 global vendor list_0

Извор: Android Central, IDC, BGR

Претходна статијаCybertronPC CLX Osiris е мега моќен гејмерски лаптоп со десктоп компоненти
Следна статијаОбјавени се добитниците на А’ Design наградaта за 2015