design-award-yearbook

Меѓународното натпреварување за дизајн А’ Design Award & Competition ги објави најдобрите дизајни за 2014-2015 во сите дисциплини за дизајн.

A’ Design Award & Competition (designaward.com), светски најголемата и меѓународно најраспространетата награда за дизајн ги објави резултатите за натпреварувањето во дизајн за 2014-2015: 837 Добитници од 83 земји во 89 различни дисциплини за дизајн. Пријавите беа внимателно оценувани од страна на меѓународна жири комисија составена од влијателни научници, истакнати членови на печатот, професионалци за креативен дизајн и искусни претприемачи кои посветија огромно внимание на деталите за време на гласањето на секоја пријава.

Дизајн ентузијастите, вљубениците и уредниците ширум светот се срдечно поканети да добијат нова дизајн инспирација и да ги откријат најновите трендови во уметноста , архитектурата и технологија преку посета на онлајн галеријата на добитници на A’ Design Awards’ на http://www.designmag.org каде се прикажани сите врвни дизајни од Меѓународното A’ Design Натпреварување за дизајн за 2014-2015, како и наградените дела од претходните години. Уредниците и љубителите на дизајнот, може исто така да ги погледнат и интервјуата со наградените дизајнери на http://www.design-interviews.com

Резултатите од А’ Design натпреварувањето се објавуваат секоја година на 15 април. Најдобрите производи, проекти и услуги од целиот свет, кои се истакнуваат со супериорен дизајн, технологија и креативност се наградени со A’ Design Награда; како симбол за совршенство во дизајнирањето и иновациите. Има пет различни нивоа на награда: платинеста, златна , сребрена, бронзена и железна A’ Design Награда кои годишно се доделуваат во сите дизајн дисциплини. Дизајнерите, компаниите и институциите од сите земји се повикуваат секоја година да учествуваат на натпреварот преку номинирање на своите најдобри дела, проекти и производи кои понатаму се оценувани за добивање на награда.

A’ Design наградата се доделува за Добар Просторен Дизајн (Архитектура, Дизајн на Ентериери, Урбан Дизајн и Пејзажен Дизајн), Добар Индустриски Дизајн (Дизајн на Производи, Дизајн на Апарати, Дизајн на Возило, и Дизајн на Машини), Добар Комуникациски Дизајн (Графички Дизајн, Интерактивен Дизајн и Маркетинг Дизајн), Добар Моден Дизајн (Дизајн на Облека, Дизајн на Модни Додатоци и Дизајн на Обувки) , Добар Системски Дизајн (Дизајн на Услуга, Дизајн на Сстратегија, Квалитет и Иновации ), како и за Постигнувања во уметноста и литературата.

Лауреатите се поканети да присуствуваат на гламурозната гала-вечера и церемонијата на доделување на наградите во Италија каде ќе бидат повикани на сцената да ги подигнат своите трофеи, сертификати за награда и алманах. На победниците им се дава ексклузивен простор да учествуваат на изложбата за “најдобрите дизајни на годината” каде ги прикажуваат своите дела во Италија. Лауреатите исто така добиваат и “A’ Design Prize”.

A’ Design Prize е исклучително посакуван и сеопфатен комплет кој им се дава на добитниците на A’ Design Award & Competition за да им помогне да ги шират своите новости на поширока меѓународна публика. Како прилог кон трофејот, сертификатот и алманахот, A’ Design Prize вклучува и услуги за односи со јавноста и маркетинг услуги, како и превод на награденото дело на десетици јазици, подготовка и дистрибуција на извештаи за печат, доживотна лиценца за користење на логото “добитник на награда”, Кампања за односи со јавноста за добитниците и ивестување за наградените дела во илјадници медиуми.

Бидејќи едицијата за 2014-2015 заврши, сега се примаат апликации за натпреварот за 2015-2016; заинтересираните дизајнери, уметници, архитекти и компании би можеле да се регистрираат и да ги достават своите дела на http://www.adesignaward.com каде што можат да се добијат понатамошни информации во врска со натпреварот за дизајн како критериуми за оценување, клучни датуми, листа на членови на жири комисијата, формулари за пријава и презентација.

Претходна статијаSamsung водечки производител на смартфони во 2015, Кинезите со најголем раст
Следна статијаMicrosoft тестира дата сервер вграден во подморница