untit2led

Вчера пишувавме за тестот направен од страна на SquareTrade кој покажа дека Samsung Galaxy S6 Edge се крши полесно од iPhone 6 Plus, а се витка со ист притисок колку што е потребно да се свитка еден iPhone 6 Plus.

Но Samsung реши да го сними тестот што го прави на своите уреди за време на дизајнот и производството на истите. Според Samsung, притисокот што се врши врз еден паметен уред кога е во задниот џеб на корисникот кога тој седнува е околу 30 килограми притисок.

На видеото се гледа дека просечен човек може да скрши 4 моливи, но не може да скрши 5 користејќи ги само неговите раце. Samsung го земаат тоа како пример за издржливост што треба да ја има нивниот уред и тестираат дека 5 моливи се кршат со околу 36 килограми притисок на 3 точки, и истиот притисок го користат на нивните телефони од двете страни на уредот.

untitled

Во тестот двата уреда поминуваат без никакви оштетувања после 2 притискања, едно врз самиот дисплеј, а потоа и од задната страна.

Иако ова видео од страна на Samsung не го побива резултатот што го направија SquareTrade, со оглед на тоа што Samsung Galaxy S6 Edge на тој тест издржа многу повеќе килограми притисок, сепак Samsung ги става тие притисоци во контекст што е лесно разбирлив за просечниот човек.

Извори: The Verge

Претходна статијаКоличината на малициозен софтвер на Android опаѓа
Следна статија7 годишно момче го пробива TouchID обезбедувањето на iPhone