android_security

Иако според извештаите од страна на Google произлегува дека количината на малициозен софтвер е намалена за 50%, се’ уште има 10 милиони уреди кои се „заразени“ со софтвер од ваков тип.

Во 2014 година количината на уреди заразени од малициозен софтвер била само 1 процент, но таа бројка е уште помала доколку корисниците користат апликации кои се спуштени само преку сервисот на Google, Google Play. Со 0,15 проценти од уредите што го користат Google како извор за апликации и останати фајлови може да се каже дека платформата е релативно сигурна, споредено со статистиките за компјутерите кои стојат со околу 20% заразени уреди (според Microsoft Security Intelligence Report Volume 17).

Иако ризикот за малициозен софтвер се зголемува доколку инсталирате апликации од други извори покрај Google, според статистиките, 0,15% од корисниците што го користат Google се, исто така заразени со малициозен софтвер, што значи колку и да е сигурен Google, нивниот процес на евалуирање и скенирање на апликациите не е перфектен. За процесот на евалуација од Google изјавуваат дека се свесни за тој проблем, но исто така тврдат дека колку и да се трудат да ги прегледаат сите апликации, некоја поминува низ пукнатините.

Значи, иако шансите за заразување се многу мали, сепак постојат. Затоа бидете внимателни со тоа што инсталирате и од каде. Доколку станува збор за Google Play, држете се настрана од апликации што делуваат сомнително, немаат доволно опис и имаат многу мал број на спуштања или лош рејтинг. Корисниците што се „изгореле“ со вакви апликации најчесто ќе напишат коментари во делот за оценување на апликацијата, затоа не е лошо да прочитате и таму дали има некакви проблеми со таа апликација.

Извори: Betanews, Microsoft

Претходна статијаApple сака помалку гужви пред нивните продавници
Следна статијаSamsung со свој тест за издржливост од виткање на Galaxy S6