Line_at_Apple_Store_in_NYC

Познатите редици пред продавниците на Apple при лансирање на нов производ се нешто што изгледа од компанијата не сакаат да продолжи да се случува. Оваа појава која што беше карактеристична за компанијата и додаваше на популарноста на брендот, а со тоа и производите, сепак си ја заврши својата работа, па сега од компанијата сакаат да одат во друг правец.

Информацијата доаѓа од Business Insider кои што имаат дојдено до допис испратен од страна на Angela Ahrendts, директорка во компанијата за малопродажба, до вработените во продавниците.

Во дописот таа им посочува на вработените дека е време да се смени начинот на размислување и дека тие треба посетителите на продавниците да ги мотивираат да го купат производот кој што го сакаат онлајн.

Apple им овозможува на корисниците купување на нивните производи преку веб, како и преку посебна апликацијата за мобилните уреди. Овој начин на купување од компанијата сакаат да стане главниот начин, а продавниците да бидат само место за пробување и разгледување на производите пред нивната нарачка.

Од Business Insider истакнуваат дека нивниот извор од компанијата информира дека во Британија Apple Watch нема да може да се купи или подигне од продавниците, а истото ќе може да се направи само онлајн, по што нарачката ќе биде доставена дома.

Чекајте ред онлајн (Get in line online)

Деновите на чекање редици и прекрстувањето на прстите за производ се готови за нашите купувачи. Apple Store апликацијата, како и нашата онлајн продавница прават да е многу полесно да се купат Apple Watch и новиот MacBook. Купувачите ќе знаат точно кога и каде нивниот производ пристига.

Ова е значајна промена во начинот на размислување и потребна ни е вашата помош за да го оствариме тоа. Кажете им на вашите купувачи дека имаме подобра достапност онлајн и покажете им колку е лесно да се нарача. Ќе им го направите денот.

Извор: Business Insider, The Verge

Фото: Wikipedia

Претходна статијаKeyboard Buddy: Физичка тастатура на лизгање за iPhone 6
Следна статијаКоличината на малициозен софтвер на Android опаѓа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.