chromedroid

Неодамна неколку апликации завршија вградени во Chrome OS благодарение на клиентот развиен од Google. App Runtime for Chrome (ARC) е причината поради која одредени апликации фунцкионираат како дел од Chrome OS, со тоа што новината во ова поле е тоа што Google сега дозволува јавен пристап до овој систем, така што развивачите на апликации сега можат да ги прават нивните креации и за декстоп употреба. Впрочем, и вие можете истото да го направите со било кој .apk фајл. Се’ што ви треба е апликацијата или екстензијата наречена ARC Welder.

Проблемот во технологијата е што не функционира секогаш. Сите апликации се направени за да работат на паметни уреди, без разлика дали станува збор за мобилни телефони или таблети (иако и за нив често има проблеми), така што конверзијата од мобилна апликација во апликација за декстоп често завршува неуспешно. Но, програмерите можат да прават промени за да се решат тие проблеми и дури потоа да ја прикачат апликацијата на онлајн продавницата на Google.

Иако ARC највеќе придонесува за ChromeOS (поради природата на истиот), апликациите ќе работат и на Windows, Mac и Linux преку Google Chrome. Со други зборови, со малку труд Android апликациите ќе можат да функционираат на повеќе од една платформа.

Извори: Engadget, ArsTechnica

Претходна статијаПретставен трејлерот за GTA V!
Следна статијаOne M8s e поевтина верзија на популарниот знаменосец од минатата година на HTC