touchid-bypass-640x360

Доколку мислите дека станува збор за гениј со IQ преку 200 што направил многу паметен хак за да го пробие TouchID скенерот за отпечатоци од прсти, за жал тоа не е случајот тука.

Но, начинот на кој детето се снаоѓа да го отклучи телефонот е мошне паметен и отвара многу прашања. Се’ што требало да направи е да го искористи палецот на неговиот заспан татко за да го отклучи неговиот телефон.

Но, сега ќе си речете дека тоа не е ништо страшно. Иронијата во целата ситуација е што таткото, Метју Грин, е професор по криптографија, и тој вели дека тоа е голем проблем. Бидејќи отпечатокот од прст ќе ви го заштити телефонот ако е украден од вас од џепчии, на пример, каде што нема да можат да ја употребат вашата рака за да го отклучат.

Но, вашите информации нема да бидат заштитени доколку би ве уапсиле бидејќи така можат да го искористат вашиот прст за да го отклучат телефонот. Од друга страна, доколку имате код за отклучување, правото на молк можете да го искористите кога ќе ви го побараат кодот за отклучување. Дополнително, без налог од судија полициските техничари не смеат да го пробијат присилно кодот на вашиот уред.

Така, според Метју Грин постариот начин на заштита можеби е и подобар, зависно од ситуацијата.

Извор: Ubergizmo

Претходна статијаSamsung со свој тест за издржливост од виткање на Galaxy S6
Следна статијаКамера за паметни уреди што ја открива хемиската структура на предметите