samsung-svitliv-telefon

Ветувањата дека уште оваа година ќе видиме паметни телефони кои ќе може лесно да се виткаат се остваруваат! Samsung патентираше паметен телефон, кој е лесно свитлив и кој може да се стави околу раката и да се користи како часовник, што е навистина генијално решение, бидејќи кој има време да мисли на полнење на батериите на два различни уреди?

Нормално, телефонот – часовник ќе има AMOLED екран, кој лесно може да се превитка, но овој пат ќе биде поддржан од повеќе еднакви парчиња одоздола. Имено, досега, иако екраните беа лесно свитливи, другите компоненти на смартфоните прават проблем, бидејќи се уште не е откриена батерија која може да се свитка, или уште помалку матична плоча. Овде, веројатно секое од парчињата ќе користи посебна компонента, односно мала батерија во себе, кои ќе бидат меѓусебно поврзани.

Ваквото решение ќе овозможи корисникот да го користи уредот како нормален смартфон, но и како вистински паметен часовник, а не само како уред кој ќе ги пренесува нотификациите од телефонот. Вака, лесно ќе може да се следи навигацијата, додека е на вашата рака, односно да се воспостави повик или да се напише порака, а ќе можат да се користат и сите апликации од еко системот (Android или Windows Phone). И најфутуристички од се, екранот кој ќе го имате на вашата рака ќе биде гооолем, како во филмовите!

Сепак, бидејќи се работи за целосен смартфон, се очекува овој уред и да тежи малку повеќе, што веројатно ќе го направи помалку комфорен за носење на рака подолго време, иако со време, технологијата би можела да овозможи се полесни и полесни вакви уреди. Од друга страна, иако уредот нема да може да се понуди со Gorilla Glass 4, бидејќи истото не може до толку да се свитка, Samsung подготвува специјална заштита од гребење на стаклото, која е особено потребна, бидејќи се работи за уред кој почесто ќе биде на отворено.

Извор: TechRadar

Претходна статијаПоздраво и повкусно чоколадо со нов начин на производство
Следна статијаШто се случува во вашите зглобови кога ги „пукате“?