patent

Досега имаше неколку различни идеи за тоа како паметниот телефон може да се претвори во машина на која ќе може да се работи, но тоа беше главно спој на смартфон со таблет, но не и со лаптоп. Samsung, од кој најмногу и би очекувале вакво нешто, патентираше паметен телефон, кој ќе може да се користи и како целосен Windows лаптоп.

Идејата е телефонот да биде со Android и Windows 10 оперативни системи, со можност за dual-boot, нешто што многу други производители веќе најавија дека може да го направат кога Microsoft ќе го лансира својот нов оперативен систем. Сепак, Samsung веројатно ќе ја искористи Continuum можноста што ја нуди Windows 10 и ќе овозможи целосно лаптоп искуство, само со ставање на телефонот во поголемо куќиште.

Според патентот, паметниот телефон може да се користи како тачпад за лаптопот, но исто така и како екстензија на поголемиот екран, а веројатно ќе има можност и за симултано користење на двата оперативни системи, заедно! Ова значи дека додека работите на некој поголем документ на големиот екран на Windows 10, ќе можете да имате константен увид во новите пристигнати e-mail, односно нотификации на социјалните мрежи и слично.

pscreens.0

Мал недостаток на ваквиот уред најверојатно би било тоа што ќе се користи исклучиво процесорот и меморијата од телефонот, што значи дека не треба да се очекуваат којзнае колку добри перформанси кога ќе се работи со потешките програми во Windows околината. Според она што го имаме видено досега, со сигурност би можеле да кажеме дека овој смартфон би имал Intel Atom процесор, а со цел користење на сите Windows програми.

Интересно, Samsung најави дека овој телефон би можел да користи и други оперативни системи, како на пример Tizen или Linux, но тоа би било тешко веројатно, особено поради доминацијата на останатите два во светот на смартфоните, односно компјутерите.

Извор: Engadget, The Verge

Претходна статијаMark Shuttleworth размислува за јавна понуда на Canonical на берзата
Следна статијаНовиот знаменосец на Sony е Xperia Z3+