Xperia_Z3__Copper_front_side.0

Кога ќе го погледнете насловот, сигурно ќе помислите дека сме згрешиле, бидејќи веќе пишувавме за новиот Z4 и како тој е новиот телефон од високата класа на Sony. Се работи за два идентични уреди, од кои едниот е наменет само за Јапонија (Z4), додека останатиот дел од светот, каде спаѓаме и ние, ќе го добиеме Z3+.

Причината за ваквото именување на телефонот од страна на Sony е многу логична, бидејќи промените во однос на претходникот се сведени само на новиот чипсет и малку потенкото куќиште, од 7,3 на 6,9 милиметри. Всушност, бидејќи дизајнот е скоро идентичен, двата телефони ќе биде тешко да се распознаат дури и ако се стават еден до друг.

Xperia_Z3__Copper_sidehorizontal.0

Големината на дисплејот и натаму е 5,2 инчи во дијагонала, а самиот панел е истиот како и претходно, со резолуција од 1920х1080 пиксели и Triluminos технологија. Процесорот е Qualcomm Snapdragon 810, помогнат од 3 GB рам меморија и 32 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување со micro SD картичка. Прилично стандардно за оваа класа.

Иста е и камерата, со сензор со 20,7 мегапиксели и Sony Exmor RS технологија, која овозможува почисти фотографии навечер. Камерата може да снима и 4K видео, додека предната, селфи камера, има резолуција од 5,1 мегапиксели. Xperia Z3+ моментално ќе биде веројатно и единствениот телефон од високата класа кој ќе биде отпорен на вода, што е добра вест за оние со физички поактивен живот. Батеријата има капацитет од 2930 mAh и според Sony, доволна е за два дена користење на телефонот.

Xperia_Z3__colour_range.0

На хартија, новиот Xperia Z3+ делува како одличен натпреварувач во својата класа, но факт е дека за вистински удар на пазарот, потребни се поголеми промени, како што Samsung направи со Galaxy S6. Вака, новиот знаменосец на Sony веројатно го очекува судбината на HTC One M9, кој исто така го има истиот дизајн како на претходникот и кој има многу слаби бројки во продажбата.

Xperia_Z3__Copper_front_down.0

Првите примероци на Sony Xperia Z3+ треба да пристигнат во Јуни.

Извор: Android Central, The Verge

Претходна статијаSamsung патентираше лаптоп – смартфон со Android и Windows
Следна статијаWindows 10 нема да доаѓа со дополнителни трошоци по бесплатната надградба