OPPON1

Кинескиот производител Oppo Electronics ја најави глобалната достапност на својот најнов паметен телефон – OPPO N1. Уредот кој досега можеше да се најде само на кинескиот пазар, од 10-ти декември ќе биде достапен во светски рамки по цена од 599 долари, односно 449 евра.

OPPO N1 е со димензии од 170.7 x 82.6 x 9 милиметри и тежи 213 грама. Уредот доаѓа со четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 600 централен процесор, Adreno 320 графички процесор, 2 гигабајти RAM меморија и 16/32 гигабајти флеш меморија. Екранот е со големина од 5.9 инчи и резолуција од 1920 x 1080 пиксели. На врвот од уредот се наоѓа 16-мегапикселна камера која може да се ротира за 360 степени. Батеријата е со капацитет од 3610 мили-ампер часови.

OPPON1OT

На задната страна од уредот е имплементирано иновативно решение наречено O-Touch. Се работи за површина од 12 квадратни сантиметри која е осетлива на допир и преку која може да ги контролирате апликациите, без притоа да го блокирате дисплејот со прстите. Во пакет со OPPO N1 доаѓа и O-Click привезокот, со кој преку Bluetooth можете да ја контролирате камерата од далечина до 15 метри.

OPPON1CM

OPPO N1 работи на таканаречениот Color OS, кој е всушност модифициран Android 4.2 Jelly Bean. Модификациите во однос на „ванила“ Android главно се состојат од козметички промени во изгледот на оперативниот систем, како и неколку ексклузивни апликации и сервиси. Кога сме кај модификациите, OPPO N1 е првиот телефон кој доаѓа со официјална поддршка за популарниот CyanogenMod. Промотивно, од страна на Oppo Electronics во продажба се пуштени и ограничен број на уреди на кои е веќе инсталиран CyanogenMod ROM-от. Истиот можете да го преземете и директно од официјалната веб страна на компанијата.

 

 

 

Претходна статијаЕвропската комисија го одобри купувањето на дел од Nokia од страна на Microsoft
Следна статијаКонцепти на паметни автопати, патишта на иднината