Концептот “e-Highway” полека, но сигурно во последните неколку години почнува да зема поголеми размери и се повеќе амбициозни идеи да стануваат реалност. Имено, Siemens активно се занимава на оваа тема и веќе имаат развиено многу иновативни идеи за економски и еколошки одржлив “паметен автопат”. Оваа компанија акцентот го става на идејни решенија за товарниот транспорт и нивниот концепт за електрификација на истиот се базира на три клучни компоненти:
- Дизел-електрична хибридна технологија,
- Електрично напојување преку надземни водови и регенеративно кочење,
- Интелегентен пантограф за пренос на електрична енергија.
Системот функционира на тој начин што, товарните возила со помош на адаптивен пантограф се поврзани со надземните водови. Во случај на прекин на надземниот вод, возилото автоматски се вклучва на дизел-хибридниот погон. Ова значи дека постои флексибилност за користење на товарните возила како конвенционални, на патишта каде нема можност за поставување на надземни водови.
Предонстите и придобивките од ваквиот систем се очигледни:
- Системот лесно може да се интегрира со постоечката инфраструктура,
- Емисиите на CO, CO2, NO2 значително би се намалиле,
- Употребата на хибридните мотори ја намалуваат зависноста од фосилните горива
Во насока на идејните решенија за инфраструктурни проекти се вклучува и холандската фирма “Studio Roosegarde” која неодамна доби награда за најдобар концепт од иднината. Оваа фирма наместо внесување иновативност во самите возила, своите идеи ги насочуваат кон самите патишта.
Имено, нивниот концепт “Smart Highway” има за цел модернизирање на авотопатите со иновативна технологија која визуелно би комуницирала со возачите со помош на светла и знаци кои се адаптираат на различни сценарија.
Концептот се состои од неколку клучни идеи, како коловозни ленти обоени од матерјал кој преку навечер свети а преку ден се полни, налепници кои се појавуваат на самиот коловоз кога е влажен и има појава на мраз, а исчезнуваат кога е сув, сензори на движење кои го вклучуваат осветлувањето на патиштата.
Предноста на идејата за паметниот автопат е тоа што тој не претставува комплетно нов автопат, туку пакет од идејни решенија кои би се примениле на веќе постоечки патишта.