На еден од најголемите саеми во Европа за потрошувачка електроника IFA кој се оддржа во септември во Берлин, Samsung и LG демонстрираа досега невидени автоматизирани системи за во домаќинствата. LG претстави интересно паметно решение со кое корисникот ќе биде во можност да се поврзе со LG-Wi Fi паметните уреди користејќи NFC. Ова поврзување ќе биде возможно, едноставно со допир на паметниот телефон со ‘’Tag On’’ симболот кој се наоѓа на уредот. Со помош на апликацијата SmartAcess, корисниците ќе бидат во можност од далечина да ги контролираат своите паметни уреди, независно каде и да се. Со надградување и инсталирање на различни апликации би можеле да ја вклучат машината за перење на пат кон дома, да проверат рок на траење на производите во фрижидерот, да извршат проверка на апаратите и алармираат за некои проблеми и сл.
Samsung претстави сличен демо производ, со којшто може да се контролираат сите видови на уреди вклучувајки и клима уреди, фрижидери и други домашни апарати. Ова паметно решение на Samsung е контролирано преку апликација која се инсталира на паметните телевизори и до која ќе може да се пристапи преку притискање на посебно копче на далечинскиот управувач.
Со енормната побарувачка на паметни телевизори и паметни телефони се очекува да дојде и ерата на паметни домови. Премногу е рано да се каже дали овие web овозможени уреди ќе успеат да ги привлечат корисниците. Официјална промоција е планирана за следната година.