Screen-Shot-2015-07-03-at-4.44.00-PM-840x523

Кинескиот производител Oppo претстави нов телефон од средната класа, кој има многу солидни спецификации и елегантен, тенок изглед. Се вика Mirror 5S, но во него нема ниту едно огледало. Веројатно Кинезите мислат дека со ваквото име ќе бидат малку покул.

Не дека на тенкото куќиште со минималистички дизајн му треба такво нешто – изгледа како многу поскап телефони од високата класа. Особено интересна е текстурата во задниот дел, која потсетува на дијамант и која му дава доза на луксуз на телефонот. Во куќиштето инаку е вграден екран со дијагонала од 5 инчи и HD резолуција од 1280х720 пиксели, што е веќе стандардно во рамките на средната класа.

Во внатрешноста исто така работи веќе стандардниот процесор за оваа класа, Snapdragon 410, кој има четири јадра на 1.2 GHz. Помогнат е од 2 GB рам меморија и 16 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување преку micro SD картичка. Батеријата има капацитет од 2420 mAh, што е веројатно и повеќе од доволно за долго траење со едно полнење, особено поради HD резолуцијата на екранот и штедливиот процесор.

Screen-Shot-2015-07-03-at-4.47

Камерите на Mirror 5S ќе имаат 8, односно 5 мегапиксели (задна/предна), што е исто така во рамките на оваа класа. Нормално, телефонот ќе има можност за 4G поврзување, но засега не е најавен dual SIM модел.

Oppo Mirror 5S ќе има вграден Android 5.1 со специјалниот скин на производителот, Color OS 2.1, кој е оптимизиран за работа на послабиот хардвер.

Иако и конкуренцијата во оваа класа не е претерано скапа, се очекува моделот на Oppo да биде меѓу најевтините. Официјални информации за цената нема, но моја проценка е дека ќе биде околу 150 – 180 долари.

Извор: Android Authority

Претходна статијаVenice е првиот телефон на BlackBerry со Android!
Следна статијаBMW ги покажа првите автомобили со погон на водород