oneplus-two-release-date-confirmed-660x330

Убиецот на телефоните од високата класа, односно, барем како што сакаат сами да се нарекуваат, OnePlus, веќе го лансираше вториот свој модел, но до крајот на годината, спрема уште еден телефон, за кој се уште нема информации, но кој со сигурност ќе пристигне на пазарот.

Да потсетиме, OnePlus е кинеска компанија, која има малку поразличен начин на испорака и маркетинг на своите телефони. Имено, реклама за OnePlus нема да видите на некој билборд во градот, или пак на телевизија, ниту пак банер на интернет. Производителот се рекламира исклучиво преку агресивни кампањи на социјалните мрежи, а продажбата се врши само преку покана. За ова делумна причина е и неможноста на производителот да произведе поголем број на телефони, па затоа, и покрај исклучително големата популарност, не е лесно да се купи OnePlus телефон.

Најновиот модел во нивната понудат, OnePlus Two, донесува стандардни подобрувања, како процесор Snapdragon 810 и 5,5 инчен екран со Full HD резолуција, но и натаму останува многу поевтин од конкуренцијата, со стартна цена од околу 330 долари. Секако, има неколку недостатоци, како на пример NFC, што значи дека нема да може да се плаќа со него во продавниците, но од OnePlus сметаат дека се уште е рано и дека на корисниците ќе им треба време да се привикнат на таквиот начин на плаќање.

Сопственикот на компанијата, Карл Пеи, е најгласен во рекламирањето на својот бренд и всушност тој самиот ја донел одлуката новиот модел да нема NFC. Покрај тоа, од неговата иста излезе и информацијата дека до крајот на годината ќе видиме уште еден модел, кој според него го занемел кога го видел додека бил во развој. Дали ова значи дека можеме да очекуваме телефон од уште повисока класа, не можеме да знаеме, но може да се претпостави дека тоа ќе биде телефон со малку помал екран од оној на OnePlus.

Покрај тоа што најави нов модел, Пеи кажа и дека според него, за неколку години ќе останат само неколку производители на телефони на пазарот: Apple, Samsung и OnePlus, бидејќи според него нема место за толкав број колкав што е сега. Факт е дека ова делува смешно, но од друга страна ја покажува амбициозноста на Пеи и неговата цел да го направи OnePlus еден од најголемите производители во светот.

Извор: 9to5Google

Претходна статијаПрви фотографии од Microsoft Lumia 950/950 XL
Следна статијаСледната година започнуваат тест летовите на најголемиот авион на светот – Stratolaunch