stratolaunch-largest-plane-1

Авионите уште од почетокот на нивното создавање и обмислување се грандиозни и застрашувачки „чудовишта“. Уште браќата Рајт и Густав Вајскопф на самиот почеток ги дизајнираа авионите да бидат големи, не поради некаков комплекс на повисока вредност, туку поради природата на авиопатувањето (крилјата мора да бидат доволно големи за да создаваат доволно потисок да подигнат барем еден човек).

Досега во историјата сме виделе разни чудовишта од авиони со огромни распони на крилјата, кои вршеле најразлични намени: бомбардери, патнички авиони и друго. Моментално во заврши фази на изработка е најголемиот авион на светот кој се вика Stratolaunch.

Stratolaunch има распон на крилјата од дури 117 метра. За споредба, еден стандарден футбалски терен е долг 100 – 110 метра, што значи дека авионот е поголем од највеќето футбалски терени на светот. Намената на овој авион не е за исполнување на ќејфови на супермилијардери, туку тој има далеку позначајна мисија. Во неговото градење учествуваа ликови како Елон Маск (SpaceX и Tesla), и идејата е тој на себе да пренесува ракети кои носат сателити, кои пак ќе бидат лансирани во атмосферата.

Поради природата на авионскиот лет, ваквото лансирање во прв степен на лансирањето на сателитот ќе биде доста поекономично од досегашното, каде ракетата треба да ја победи гравитацијата од нулта точка – што изискува огромни количества на гориво, а пак тоа е предмет на скратувачка добивка (diminishing returns) бидејќи колку повеќе гориво се сместува, толку е потешка ракетата, па треба уште повеќе гориво се` до точка каде тежината е преголема во однос на потрошувачката.

Тестот на Stratolaunch ќе започне следната година, па останува да го следиме неговиот развој и освојувањето на атмосферата.

Извор: Ubergizmo, Yahoo

Претходна статијаOnePlus ќе лансира уште еден телефон до крајот на годинава
Следна статијаSparkBlocks – Kickstarter проект за модуларни звучници